Био Камини

ИНФОРМАЦИИ И ИНСТРУКЦИИ ЗА КОРИСТЕЊЕ:

 

Се става биоетанол во горилникот.
Горилникот не се полни повеќе од ¾ .
Се пали со долга запалка. 
Се препорачува при палење да стоите странично, а не пред каминот. Неопходни се 5-10 мин. пламенот да ја достигне оптималната температура и да биде ефектен.
За гаснење на пламенот се користи специјална рачка со која се затвара капакот на горилникот.
Во зависност од горилникот, пламенот може да се регулира.

ВНИМАНИЕ!
Камините се направени за работа само со биоетанол! Да не се користат други горива, бензини, масла! Студио ТТ не презема одговорност за било какви материјални и физички штети при експлоатација и неправилна употреба на биокамините.

ЗОШТО БИОКАМИНИТЕ СЕ ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ВАС:

– БЕЗ ОЏАК
– БЕЗ МИРИС И ЧАД
– БЕЗ ШТЕТНИ ГАСОВИ
– БЕЗ ИСКРИ
– БЕЗ ЦЕПЕЊЕ ДРВА
– БЕЗ ПЕПЕЛ
– ЗАТОПЛУВААТ БРЗО
– ЕВТИНО ГОРИВО БЕЗ РАСХОД
– ЛЕСНИ ЗА УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
– НЕМА ЗАГУБА НА ТОПЛИНА
– ЗДРАВИ ЗА ОКОЛИНАТА

ШИРЕЊЕ НА ТОЛИНА ПРИ БИОКАМИНИ И ПРИ ОБИЧНИ КАМИНИ

 

 

   
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
– Внимавајте деца да не играат покрај запален камин.
– Внимавајте на вашата коса кога се движите покрај каминот.
– Не пушете за време на палење на каминот.
– Не оставајте каминот да гори кога не сте тука.
– Во случај да сакате да го запалите биокаминот кога е ладен, а во горилникот останал биоетанол, оставете го отворен една минута, па потоа запалете.
– Да не се чисти горилникот веднаш откако ќе го изгасните огнот, оставите нека се олади.
– Се препорачува горилникот да биде затворен кога не гори.
– Не се препорачува во горилникот да остане биоетанол после употреба.
– Биокамините не служат за затоплување вода или готвење.
– Подвижните биокамини да се постават подалеку од запаливи материјали.