Додатоци

КЕРАМИЧКА ВОЛНА
Специјално дизајнирана за употреба со биокамини. Со неа се намалува расходот на биоетанолот и се продолжува периодот на горење.
ДЕКОРАТИВНИ КАМЕЊА
Не служат само како украс, туку ја задржуваат топлината долго време по гасење на огнот. Може да се стават по желба на самиот камин. Ги има мали, средни и големи, различни бои.
ДЕКОРАТИВНИ КЕРАМИЧКИ ДРВЦА
Керамичка емитација како украс за вашиот биокамин
АРОМАТИЧНИ МАСЛА
Пред палење на биокаминот, се додаваат 5-6 капки од етеричното масло во биоетанолот. Ги има во најразлични ароми: сандалово дрво, бадем, ванила, еукалиптус, елка, тропски оган, оган од камин, овошни ароми

БИОЕТАНОЛЛесен за употреба, со пристапна цена, биоетанолот е алтернативен извор на енергија, чија популарност бележи драстичен пораст во последните години. Се добива од целулозна биомаса- пченица, просо, царевица и трстика . Бавното согорување го прави исклучително ефективен од економски аспект. При согорување тој не испушта отровни гасови, чад или миризби. Како и секој жив оган, испушта водена пареа и јаглерод диоксид, меѓутоа во нормални количини, 1 Л биоетанол испушта јаглерод диоксид еднаков како да горат 2 средни по големина свеќи. Водената пареа допринесува за влажност во воздухот, што е позитивно за вашето здравје. Колку ќе гори биоетанолот зависи од големината на горилникот. Во кружен горилник со отвор 10 цм, 0,5 л биоетанол, гори за 3 часа.
Биоетанолот кој ние го препорачуваме е чист 96,6%. Има сертификат од ТУВ Германија, а го има во пакубања од 1, 5 и 10 л
 

ПРЕДУПРЕДУВАЊА:

Биоетанолот да се чува добро затворен, на суво, темно и ладно место, заштитен од сонце, далеку од топли уреди.
Биоетанолот е леснозапаливо гориво.
Биоетанолот се става во горилникот со помошен сад со тесно грло
Горилникот не се полни повеќе од 3/ 4
Палете исклучително со долги запалки
Во случај да полеете биоетанол надвор од горилникот се препорачува веднаш да се исчисти или да се почека да испари.
Не смее да се дотура гориво додека гори огнот.
Ако сакате да дополните гориво во горилникот, прво изгаснете го, почекајте 10-15 мин додека се олади горилникот, па потоа дотурете.
Не оставајте го биоетанолот отворен во непосредна близина до каминот за време на горење на каминот